За нас

За нас

Добредојдовте во МЕБЕЛДИЗАЈН – светот на производството на мебел и уредување на ентериери и местото каде што ќе се воодушевите од судирот на мајсторството и креативноста.
Со докажана страст за квалитет и око за дизајн, специјализирани сме за изработка на безвременски парчиња кои го воздигнуваат секој простор.
Во Мебелдизајн, горди сме на нашата посветеност и извонредност, а квалитетот ни е веќе традиција која трае низ годините. Секое парче е прецизнио изработено од вешти мајстори кои носат децении искуство и експерти за секој носечки столб во компанијата:
ПРОИЗВОДСТВО И ДИЗАЈН ЗА ДОМАШЕН ПАЗАР, УСЛУГИ ЗА КЛИЕНТИ, ПРОИЗВОДСТВО ЗА СТРАНСКИ ПАЗАР.
Од концепт до комплетирање, ги почитуваме највисоките стандарди за квалитет по кои веќе сме познати и надвор од границите на Република Македонија и ширум Европа. Го усовршуваме секој детал од процесот со цел крајниот резултат да ги надмине Вашите очекувања. И несомнено успеваме во истото.

Нашите експерти

  • Агим Емурлаи

    Основач и Сопственик

  • Зејнеп Емурлаи

    Раководител, Архитект

  • Даниел Стаменкоски

    Репрезент на услуги со клиенти

  • Златко Митрески

    Шеф на производство

  • Деан Стојкоски

    Шеф на производство

  • Марина

    Дипл. инж. за мебел и интериер

  • Душица

    Дипл. инж. за мебел и интериер

Кои сме ние

Мебел Дизајн е иновативна, технолошки развиена компанија за производство на мебел која се разликува од сите други по непосредниот пристап, планирање и реализирање на проекти и нивно имплементирање во секој дом. Финалниот продукт е исклучителен дизајн кој не е само луксуз, туку прекрасна неопходност за Вашиот дом.

За компанијата

Во склоп на новата фабрика изградена во 2011 година со површина од 2600м2, купувачите можат да го посетат и изложбениот салон од 450м2, каде е изложен дел од нашиот асортиман на кујни, спални и детски соби. Стручниот тим составен од врвни архитекти со завидно искуство и преку 1000 реализирани проекти ќе Ви овозможи да го исполните домот со мебел изработен по Ваш вкус.

Мисија

Нашата мисија е да им овозможиве на нашите клиенти да уживаат во нивниот дом. Да понудиме различен избор, квалитет, слобода и креативност. Задоволните клиенти се само потврда за успешен бизнис, а тие воедно се и наша првенствена цел.

Визија

Нашиот дизајнерски тим ја има вистинската формула за идеално дизајнирање и изработка на мебел за секое домаќинство. Вашиот дом го опишува Вашиот живот, а нашиот дизајн ја истакнува и во целост ја надополнува визијата за квалитетен и модерен стил на живеење. Од самото формирање во 1999 година,па се до денес, Мебелдизајн постојано работи на усовршување и проширување на сопствената дејност во согласност со најновите производствени стандарди и трендови.

0
For the best experience turn your tablet horizontally.

За најдобро искуство, завртете го вашиот уред хоризонтално.

Тел: +389 77 704-141

Тел: +389 44 342-780

Тел: +389 71 275-258

[email protected]