За нас

За нас

Архитектите постојат за да го разберат просторот. Ние сме професионалци кои знаат како да го визуелизираат и осмислат најголемиот дел од просторот од практична и уметничка перспектива. Просторот станува непроценливо значаен во секој поглед и токму затоа вклучувањето на профеционален тим при одлуките околу ентериерните решенија е од круцијално значење.

Создадовме мала галерија на прекрасни проекти за нашите клиенти кои се посебни и специјални на свој начин. Клиент на МЕБЕЛДИЗАЈН претставува личност која го споделува нашето почитување кон современиот дизајн кој воедно е и убав, корисен, иновативен и одржлив. Нашата фиолозофија ја засноваме на фактот дека добриот дизајн го подобрува животот и може да биде генератор на лична среќа. Ние се поставуваме себеси во ваша позиција за да ги споделиме заедно вашите желби и барања. Ние не живееме во просторот кои ние го дизајнираме, туку тоа сте Вие, и токму затоа правиме напори да ја достигнеме ВАШАТА дефиниција за среќа.

Нашите експерти

  • Агим Емурлаи

    Основач и Сопственик

  • Зејнеп Емурлаи

    Дипломиран инженер Архитект

  • Даниел Стаменкоски

    Репрезент на услуги со клиенти

  • Златко Митрески

    Шеф на оддел

Previous Next

Кои сме ние

Мебел Дизајн е иновативна, технолошки развиена компанија за производство на мебел која се разликува од сите други по непосредниот пристап, планирање и реализирање на проекти и нивно имплементирање во секој дом. Финалниот продукт е исклучителен дизајн кој не е само луксуз, туку прекрасна неопходност за Вашиот дом.

За компанијата

Во склоп на новата фабрика изградена во 2011 година со површина од 2600м2, купувачите можат да го посетат и изложбениот салон од 450м2, каде е изложен дел од нашиот асортиман на кујни, спални и детски соби. Стручниот тим составен од врвни архитекти со завидно искуство и преку 1000 реализирани проекти ќе Ви овозможи да го исполните домот со мебел изработен по Ваш вкус.

Мисија

Нашата мисија е да им овозможиве на нашите клиенти да уживаат во нивниот дом. Да понудиме различен избор, квалитет, слобода и креативност. Задоволните клиенти се само потврда за успешен бизнис, а тие воедно се и наша првенствена цел.

Визија

Нашиот дизајнерски тим ја има вистинската формула за идеално дизајнирање и изработка на мебел за секое домаќинство. Вашиот дом го опишува Вашиот живот, а нашиот дизајн ја истакнува и во целост ја надополнува визијата за квалитетен и модерен стил на живеење. Од самото формирање во 1999 година,па се до денес, Мебелдизајн постојано работи на усовршување и проширување на сопствената дејност во согласност со најновите производствени стандарди и трендови.

0
For the best experience turn your tablet horizontally.

За најдобро искуство, завртете го вашиот уред хоризонтално.

Тел: +389 77 704-141

Тел: +389 44 342-780

Тел: +389 71 275-258

[email protected]