social image

Дваесет години успешна приказна – Мебел Дизајн

Во пресрет на роденденот, „Мебел Дизајн“ организира прослава во Рагуса 360 Rooftop, на која ќе ја прослави својата 20 годишна успешна приказна.
 
Иновативноста, оригиналната идеја, дизајнот, стручниот тим и следењето на трендовите во областа на внатрешното уредување се формулата за успех која „Мебел Дизајн“ ја практикува веќе 20 години.

Основачот и сопственик на „Мебел Дизајн“ Агим Емурлаи, со самото формирање на компанијата во 1999 година, па до денес постави високи стандарди за уредување на просторот, а при тоа главниот фокус се става на клиентот, со цел да се реализира проект кој најдобро ќе ги отслика неговите потреби и желби.

„Зад себе имаме над 1000 реализирани проекти и задоволни клиенти, кои ни ја пружиле својата доверба, а ние сме возвратиле со исполнување на поставените цели, стручно, ефективно и ефикасно во секој поглед.

Уредувањето на просторот е вистински предизвик за професионалците кои се дел од „Мебел Дизајн“. Секој квадрат од вашиот дом или простор во кој поминувате најголем дел од времето, треба да биде адаптиран според вашите очекувања. Квалитетот е неопходен за реализација на идеите и тоа од најмалите, па до најголемите.

Дваесет години градиме приказна во која се испреплетени барањата на клиентите, потребите на пазарот и визијата на нашите професионалци, кои секој милиметар од просторот ќе го претворат во вистинска оаза на уживањето.

Од дизајн и изведба на комплетен ентериер и производство со врвна технологија, до успешно реализирани проекти во Холандија, Белгија, Германија и Франција. Во 2011 година изградивме фабрика со површина од 2 600 м2, а заинтересираните купувачи може да го посетат изложбениот салон со површина од 450 м2.

Од кујни, детски и спални соби, тоалети, бањи и канцелариски мебел, „Мебел Дизајн“ ги адаптира најновите трендови на светската сцена, според потребата на потрошувачите.

Успехот е наш заштитен знак веќе 20 години, а по тој повод „Мебел Дизајн“ организира прослава во Рагуса 360 Rooftop, на која ќе присуствуваат домашни и странски гости, ќе има богата музичка програма, како и награди за вработените, без кои оваа приказна не би била целосна.

Дополнително сме горди на фактот што нашата компанија со текот на времето прерасна во семејна компанија, во која генерациите кои не наследуваат ја заземаат главната улога во креативниот дел и и додаваат модерна и софистицирана компонента на целата наша визија.

Нашите архитекти креираат визија за просторот, а целокупниот тим креира успешна приказна која 20 години ја дефинира вашата среќа“, изјавија од компанијата.